Агенција за квалитет во високото образование (АКВО) е самостоен стручен орган со седиште во Скопје, Република Северна Македонија.
АКВО е запишан во Централниот регистар на Република Северна Македонија на 16.01.2020 година.
Органи на АКВО се: Одбор за акредитација на високото образование, Одбор за евалуација на високото образование и Директор на Агенцијата за квалитет на високото образование.
Директорот на АКВО е именуван од страна на Собранието на Република Северна Македонија, со Одлука бр. 08-7068/1 од 25.12.2019 година.
Одборот за акредитација на високото образование и Одбор за евалуација на високото образование, органи на АКВО, се конституирани на 11.03.2020 година.
• Остварување на системот на обезбедување, оценување, развој и унапредување на висoкото образование во Република Северна Македонија.
• Одржување на стандардите за квалитет и промовирање и подобрување на квалитетот на високообразовните установи и нивните студиски програми (согласно со прифатените стандарди и постапки на водичот кои се применуваат од Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование):
Агенција за квалитет во високото образование (АКВО) е самостоен стручен орган со седиште во Скопје, Република Северна Македонија, преку кој се остварува системот на обезбедување, оценување, развој и унапредување на висoкото образование во Република Северна Македонија.
Одборот за акредитација на високото образование, колективно тело кое ги утврдува условите за вршење на високообразовна дејност и го утврдува капацитетот за студирање на високообразовната установа; донесува решение за акредитација на проектот за основање на самостојна приватна или приватнојавна високообразовна установа и нивните единици; одлучува за акредитација на научна установа за вршење високообразовна дејност на студии од втор и трет циклус на студии; утврдува исполнетост на условите за организирање на студии за нови студиски програми на високообразовната установа; одлучува за акредитација на ментори на докторски студии; и врши други работи утврдени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018).
Одбор за евалуација на високото образование е колективно стручно тело које ја следи дејноста на високообразовните установи на кои им е дадена акредитација и решение за почеток со работа; го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручна работа на академскиот кадар на високообразовните установи, а посебно на нивните студиски програми (согласно со прифатените стандарди и постапки на водичот кои се применуваат од Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование); и врши други работи утврдени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018).
Директорот на АКВО ја претставува и застапува Агенцијата за квалитет во високото образование; се грижи за спроведување на одлуките и решенијата на Одборот за акредитација на високото образование и Одборот за евалуација на високото образование; се грижи за материјално-финансиското работење на АКВО; се грижи за законитоста во работењето на АКВО; дава Решение за почеток со работа на студиски програми од прв и втор циклус на студии; и други работи определени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018) и со општ акт.
АКВО е придружна членка во Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA).