• contact@akvo.mk
  • +389 (0)2 3114596
  • бул. Гоце Делчев Б.Б. (МРТВ, 10-ти кат), Скопје

26-27 март 2026 Македонија беше домаќин на регионална конференција на тема
„Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“.

Настанот коорганизиран од Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка претставува дијалог на високо ниво кој обединува министри, раководства на универзитети, академици, истражувачи, креатори на политики, претставници на индустријата, работодавачи, експерти и студенти.

Свое воведно обраќање на вториот ден од настанот имаше директорката на Агенцијата за квалитет, доц. д-р Христина Серафимовска, која ги изнесе заклучоците од дискусијата на министрите и ги постави целите кои треба да бидат постигнати во работниот дел од настанот во кој беа предвидени три паралелни работни сесии. Една од работните сесии беше посветена токму на политиките за обезбедување квалитет во високото образование и регионалната соработка.

sl.1

sl.2

sl.3

sl.4