• contact@akvo.mk
  • +389 (0)2 3114596
  • бул. Гоце Делчев Б.Б. (МРТВ, 10-ти кат), Скопје
АГЕНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Мисијата и дејноста на Агенцијата за квалитет, е остварувањето на системот на обезбедување, оценување, развој и унапредување на висoкото образование, односно одржување на стандардите за квалитет и промовирање и подобрување на квалитетот на високообразовните установи и нивните студиски програми (согласно со прифатените стандарди и постапки на водичот кои се применуваат од Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование).

Агенцијата за квалитет, остварувањето на системот на обезбедување, оценување, развој и унапредување на висoкото образование, ја остварува преку органите на агенцијата:

    • Одбор за акредитација на високото образование (во понатамошниот текст: Одбор за акредитација) и
    • Одборот за евалуација на високото образование (во понатамошниот текст: Одбор за евалуација).

Реализацијата на мисијата и дејноста на Агенцијата за квалитет целосно е ориентирана и е организирана кон доследна примена на:

  • Уставот на Република Северна Македонија,
  • Законот за високото образование,
  • Националната програма за високото образование,
  • Националната програма за научно-истражувачка дејност,
  • Законот за научно-истражувачка дејност,
  • Законот за Национална рамка на квалификации,
  • Законот за признаање на професионалните квалификации,
  • Уредбата за утврдување на научно-истражувачките полиња на Меѓународната Фраскатиева класификација,
  • Уредбата за мерилата и критериумите за финансирање на високото образование,
  • Уредбата за мерила и критериуми за финансирање на научно-истражувачката дејност,
  • Правилникот за нормативите и стандардите за основање на високообразовни установи и за вршење високообразовна дејност,
  • Правилникот за содржината на студиските програми,
  • Правилникот со кој се утврдуваат стручните и научните називи,
  • Правилникот за нормативите и стандардите за основање на научни институти и за вршење научно-истражувачка дејност,
  • Утврдената листа на електронски бази на списанијата (предвидена со Законот за високо образование),
  • Утврдената листа на релевантните домашни и меѓународни настани на кои уметничките изведби се земаат предвид при акредитација на ментори (предвидена со Законот за високо образование),
  • Приоритетните области и програми за научно-истражување и технолошки развој,
  • Програмите и проектите за меѓународна соработка, и други акти кои се однесуваат на високото образование, меѓународните спогодби потпишани од страна на државата и владините политики од сферата на образованието.

Врз основа на јасни критериуми, точни и веродостојни податоци и врз основа на резултати од вреднувањето, Агенцијата за квалитет креира аналитички извештаи на системот на високото образование, според еден или повеќе аспекти или показатели.

Агенцијата за квалитет соработува со високообразовните институции во земјата и со институциите кои се поврзани со нив, професионалните организации, институциите кои се поврзани со пазарот на трудот, студентските организации, за размена на информации и експертиза, вклучувајќи ги активно во процесот на дејноста на Агенцијата за квалитет.

Агенцијата за квалитет соработува со мрежата на агенциите за обезбедување на квалитет во Европскиот Простор на Високото Образование и тие што дејствуваат на меѓународен ранг.

Агенцијата за квалитет, преку службената веб страница на агенцијата, ја информира пошироката јавност за статусот на високообразовните установи, акредитираните студиски програми, акредитираните единици на високообразовните установи, научните институти и нивните решенија за почеток со работа, резултатите од рангирање, како и други соодветни евиденции и податоци достапни во базата на податоци.

 

ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КВАЛИТЕТ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Агенција за квалитет во високото образование (АКВО) е самостоен стручен орган со седиште во Скопје, Република Северна Македонија.

АКВО е запишан во Централниот регистар на Република Северна Македонија на 16.01.2020 година.

Органи на Агенцијата за квалитет се:

    • Одбор за акредитација на високото образование,
    • Одбор за евалуација на високото образование и
    • Директор на Агенцијата за квалитет на високото образование.

Директорот на Агенција го именува Собранието на Република Северна Македонија.

Директорот на АКВО:

    • ја претставува и застапува Агенцијата за квалитет во високото образование;
    • се грижи за спроведување на одлуките и решенијата на Одборот за акредитација на високото образование и Одборот за евалуација на високото образование;
    • се грижи за материјално-финансиското работење на АКВО;
    • се грижи за законитоста во работењето на АКВО;
    • дава Решение за почеток со работа на студиски програми од прв и втор циклус на студии;
    • и други работи определени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018) и со општ акт.