• contact@akvo.mk
  • +389 (0)2 3114596
  • бул. Гоце Делчев Б.Б. (МРТВ, 10-ти кат), Скопје
ОДБОР ЗА ЕВАУЛАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Одбор за евалуација на високото образование е колективно стручно тело кое:

  • ја следи дејноста на високообразовните установи на кои им е дадена акредитација и решение за почеток со работа;
  • го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручна работа на академскиот кадар на високообразовните установи, а посебно на нивните студиски програми (согласно со прифатените стандарди и постапки на водичот кои се применуваат од Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование);
  • и врши други работи утврдени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018).

Одборот за евалуација е составен од петнаесет члена и тоа:

  • шест членови од редот на професорите во работен однос на универзитетите во Република Македонија избрани со тајно гласање од Интеруниверзитетската конференција,
  • шест члена именувани од Владата на Република Македонија, од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во Република Македонија,
  • еден член именуван од најрепрезентативната организација на работодавачите,
  • еден член именуван од Македонската академија на науките и уметностите,
  • еден член избран од редот на студентите избран од Интеруниверзитетската конференција.

Meѓу членовите на Одборот за евалуација избрани од Интеруниверзитетската конференција задолжително мора да има најмалку по еден член од редот на професорите од секое од шесте научно-истражувачки полиња од прво ниво според Меѓународната фраскатиева класификација (природно-математички науки; техничко-технолошки науки; медицински науки и здравство; земјоделски и ветеринарни науки; општествени науки и хуманистички науки).

Членови на Одборот за евалуација не можат да бидат лица избрани за ректор или проректор на универзитет, декан или продекан на факултет, односно директор на висока стручна школа, директор на научна установа која изведува високообразовна дејност, член на Националниот совет или член на Одборот за акредитација.

Членовите на Одборот за евалуација се избираат, односно се именуваат за период од четири години, без право на повторен избор.

По исклучок од ставот на овој член, членот на Одборот за евалуација од редот на студентите се избира за период од две години, без право на повторен избор.

Одборот за евалуација дотавува Шестмесечен извештај за работата до Министерство за образование и наука и до Националниот совет.

 

ЧЛЕНОВИ НА ОДБОРОТ ЗА ЕВАУЛАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Бр. Име и презиме е-пошта
1. Проф. д-р Димитар Ташковски
ПРЕТСЕДАТЕЛ
2. Проф. д-р Ведије Раткоцери
ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ
3. Академик Владо Камбовски
4. Проф. д-р Ебрар Ибраими
5. Проф. д-р Срѓан Миќиќ
6. Проф. д-р Душко Мукаетов
7. Проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова
8. Проф. д-р Боро Џонов
9. Проф. д-р Ирина Јолдеска
10. Проф. д-р Христина Спасеска
11. Проф. д-р Мила Арапчевска
12. Проф. д-р Сузана Алиу
13. Светлана Ристовска Антиќ
14. Филип Ристески