• contact@akvo.mk
  • +389 (0)2 3114596
  • бул. Гоце Делчев Б.Б. (МРТВ, 10-ти кат), Скопје
ОДБОР ЗА АКРЕДИТАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Одборот за акредитација на високото образование е колективно тело кое:

  • ги утврдува условите за вршење на високообразовна дејност и го утврдува капацитетот за студирање на високообразовната установа;
  • донесува решение за акредитација на проектот за основање на самостојна приватна или приватнојавна високообразовна установа и нивните единици;
  • одлучува за акредитација на научна установа за вршење високообразовна дејност на студии од втор и трет циклус на студии;
  • утврдува исполнетост на условите за организирање на студии за нови студиски програми на високообразовната установа;
  • одлучува за акредитација на ментори на докторски студии;
  • и врши други работи утврдени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018).

Одборот за акредитација е составен од петнаесет члена и тоа:

  • шест членови од редот на професорите во работен однос на универзитетите во Република Македонија избрани со тајно гласање од Интеруниверзитетската конференција,
  • шест члена именувани од Владата на Република Македонија, од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во Република Македонија, Службен весник на РМ, бр. 82 од 8.5.2018 година 28 од 118
  • еден член именуван од најрепрезентативната организација на работодавачите,
  • еден член именуван од Македонската академија на науките и уметностите, - еден член од редот на студентите избран со тајно гласање од Интеруниверзитетската конференција.

Meѓу членовите на Одборот за акредитација избрани од Интеруниверзитетската конференција задолжително мора да има најмалку по еден член од редот на професорите од секое од шесте научно-истражувачки полиња од прво ниво според Меѓународната фраскатиева класификација (природно-математички науки; техничко-технолошки науки; медицински науки и здравство; земјоделски и ветеринарни науки; општествени науки и хуманистички науки).

Членови на Одборот за акредитација не можат да бидат лица избрани за ректор или проректор на универзитет, декан или продекан на факултет, односно директор на висока стручна школа, директор на научна установа која изведува високообразовна дејност, член на Националниот совет или член на Одборот за евалуација.

Членовите на Одборот за акредитација се избираат, односно се именуваат за период од четири години, без право на повторен избор.

По исклучок од ставот на овој член, членот на Одборот за акредитација од редот на студентите се избира за период од две години, без право на повторен избор.

Одборот за акредитација дотавува шестмесечен извештај за работата до Министерство за образование и наука и до Националниот совет.

 

ЧЛЕНОВИ НА ОДБОРОТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Бр. Име и презиме е-пошта
1. Проф. д-р Марјан Ѓуровски
ПРЕТСЕДАТЕЛ
2. Проф. д-р Куштрим Ахмети
ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ
3. Академик Марјан Марковиќ
4. Проф. д-р Билјана Кузмановска
5. Проф. д-р Гоце Цилев
6. Проф. д-р Савица Димитриевски
7. Проф. д-р Флорие Исмаили
8. Проф. д-р Виолета Цветкоска
9. Проф. д-р Ана Данева Маркова
10. Проф. д-р Вангелче Митревски
11. Проф. д-р Рубин Гулабоски
12. Проф. д-р Јетмире Јакупи
13. Рона Татеши
14. Ангел Димитров