Во периодот 7- 8мај 2026, во официјална посета на Република Северна Македонија престојуваше претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ENQA), Cristina Ghitulica.
Во рамки на посетата, претседателката на ENQA оствари работна средба со директорката на Агенцијата за квалитет во високото образование (АКВО), доц. д-р Христина Серафимовска.

На средбата се разговараше за актуелните процеси поврзани со унапредувањето на системот за обезбедување квалитет во високото образование во Република Северна Македонија, со посебен акцент на законската регулатива која е во фаза на подготовка.

Дополнително, беше дискутирано и за новите измени на ESG 2027 (Standards and Guidelines for Quality Assurance in the European Higher Education Area), како и за понатамошното продлабочување на соработката помеѓу АКВО и ENQA во насока на усогласување со европските стандарди и добри практики во високото образование.
Соговорничките ја истакнаа важноста од континуираниот дијалог и меѓународната соработка во процесите на јакнење на квалитетот и довербата во високото образование.