Република Северна Македонија
Агенција за квалитет во високото образование
ОДБОР ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Врз основа на членовите 8, 9, 12, 13, 16 и 18 од Правилникот за стандардите и постапката за надворешна евалуација и самоевалуација („Службен весник на Република Македонија“ бр.153/22), Одборот за евалуација на високото образование објавува
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ И СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНA МАКЕДОНИЈА
Заради формирање на стручни комисии за надворешна евалуација во Република Северна Македонија, а со цел формирање на Регистер на студенти, Одборот за евалуација на високото образование (во натамошниот текст Одбор за евалуација) објавува Конкурс за избор на студенти за спроведување на надворешна евалуација на високообразовните установи и студиски програми во Република Северна Македонија (во натамошниот текст Конкурс).
УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ
За спроведување на надворешна евалуација од редот на студентите може да биде избрано лице кое:
- е државјанин на Република Северна Македонија ;
- има статус на редовен студент на прв, втор или трет циклус на студии во земјата;
- има претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во земјата или странство и
- има познавање на англискиот јазик.
РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ОД РЕДОТ НА СТУДЕНТИТЕ
Рокот за пријавување трае до 13.01.2025 година.
Пријавувањето на кандидатите се врши преку пополнување на Образец, кој се наоѓа на веб страницата на Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО) на следниот линк:
Пополнетиот образец се доставува потпишан и скениран на следните електронски адреси:
Во случај на потреба за дополнителни информации, обратете се на контакт лицето на Одборот за евалуација, д-р Димитар Ташковски, на следната електронска адреса: