Агенцијата за квалитет во високото образование го обнови својот статус на Придружна членка (Affiliate status) во Европската асоцијација за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA).
На состанокот на 10 септември 2025 во Брисел, од страна на Бордот на ENQA беше разгледана и одобрена апликацијата што Агенцијата ја поднесе годинава за обнова на статусот на Придружна членка.
Со ова АКВО останува приврзаник за следење и имплементирање на политиките на Асоцијацијата за обезбедување на квалитетот во високото образование и усогласување со стандардите на европскиот високообразовен простор.